2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени 116,5 милиони денари субвенции за одгледување говеда

Исплатени 116,5 милиони денари субвенции за одгледување говеда

goveda1

Министерството за финансии исплати 116,5 милиони денари субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за одгледување говеда изнесува 2.800 денари по грло.

Како што информираат од Министерството, исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат говеда низ цела територија на Република Македонија.

Владата на Република Македонија, како што е наведено во соопштението, со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП