21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден профитот на швајцарската компанија Implenia

Рекорден профитот на швајцарската компанија Implenia

implenia1596

Најголемата градежна компанија во Швајцарија „Implenia“ минатата година остварила рекорден нето профит во вредност од 82,6 милиони франци, што е зголемување од 7,5 проценти во однос на 2012 година.

Приходите на компанијата во 2013 година на домашниот и странскиот пазар се зголемени за 9,2 проценти на 3,057 милијарди франци, се наведува во соопштението на компанијата.

Вредноста на новите договори склучени во 2013 година е 3,3 милијарди франци, што е раст од 8,8 проценти во однос на претходната година.

Растот на профитот од работењето е зголемен за 15,7 проценти, на 36,5 милиони франци.

Работењето на оваа мултинационална компанија најуспешно беше во Норвешка. Одделението за скандинавските земји минатата година забележа раст на приходите од 46,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП