18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција оваа година се враќа на патеката на растот

Грција оваа година се враќа на патеката на растот

atinatrojka

Грција за прв пат од 1948 година оствари суфицит на тековната сметка, изјави вчера европскиот комесар за економски прашања Оли Рен, откако најновите податоци покажаа дека Грција повторно се враќа на пaтекaтa на растот.

Според прогнозата од зимскиот извештај на Европската унија, економијата на Грција оваа година ќе се врати на растот од 0,6 проценти, со голем скок од 2,9 проценти во 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Дури и невработеноста во Грција би требало да се намали од минатогодишните 27 проценти на 26 проценти во оваа година и 24 проценти во 2015 година.

„Грција оваа година би требало да се врати на растот. Довербата на инвеститорите продолжува да расте, додека најновите податоци укажуваат на првите знаци на закрепнувањето“, се наведува во прогнозите на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП