7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпел да не се уништува осветлувањето на патиштата

Апел да не се уништува осветлувањето на патиштата

avtopat skopje vlez

Јавното претпријатие за државни патишта денеска преку соопштение апелира да не се оштетува поставеното осветлување на патиштата и клучките.

Информира дека и покрај активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, со осветлување на автопатите, магистралните патишта и клучките кај поголемите градови, во неколку наврати се извршени повеќе оштетувања на опремата за осветлување на обиколницата на влезот на Скопје, на патните правци Тетово – Скопје и обратно, особено во делот на клучката Кондово.

„Деновиве поради пресекување на кабелот за напојување со електрична енергија на клучката Кондово во делот на кракот кон влезот на Скопје во прекин беше осветлувањето на оваа делница. На оваа клучка во повеќе наврати од страна на непознати лица извршени се оштетувања на опремата, украден е напојниот трансформатор, на двапати е извршена кражба на кабел, во три наврати е пресечен кабелот, а во повеќе наврати оштетена е и опремата на столбната трафостаница“, соопштува претпријатието од каде за сите нелегални активности ја информирале МВР.

Јавното претпријатие за државни патишта истакнува дека оштетувањата на каблите и на разводните ормари доведуваат до нефункционалност во осветлувањето на коловозот, а со тоа и директно загрозување на безбедноста во сообраќајот. Апел да не се оштетуваат јавните добра бидејќи, како што укажува, осветлувањата, особено на клучките на влезовите во градовите, придонесуваат за зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите граѓани на нашата држава, а со тоа се намалува можноста за несреќи на патиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП