5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку пари годишно троши Turkish Airlines на реклами?

Колку пари годишно троши Turkish Airlines на реклами?

turkis1

„Turkish Airlines“ e компанија која во 2005-та година имаше 85 авиони во флотата, а денеска таа бројка изнесува 267. Оваа година од компанијата најавуваат приходи од дури 11.4 милијарди долари, а во последните десет години бизнис работењето се зголеми за 275 проценти.

Извршниот директор на компанијата Темел Котил во едно интервју изјавил дека, дел од тој успех е поради доброто брендирање на компанијата и маркетинг активностите.

„Минатата година потрошивме 150 милиони долари за брендирање, рекламирање и спонзорирање. За споредба, тој износ во 2005-та изнесуваше само пет милиони долари. Поголемиот дел од овие пари се потрошени на европскиот пазар. Сметаме дека ваквиот начин на вложување е потребен за работењето, затоа што како на друг начин ќе ги привлечете жителите во земјата во која доаѓате да работите за прв пат, ако не со помош на маркетинг“, вели Котил и додава дека „Turkish Airlines“ рекламирањето го прави на различен начин во секоја држава и на секој континент.

Тој изјави и дека компанијата го разбира клучот на успехот во патниците и дека без нив ништо не би било возможно.

„Само името на компанијата не значи ништо, националноста нам ништо не ни претставува, важен е само бизнисот, а околу него се се врти. Луѓето сакаат добра поврзаност, поволни цени и одлична услуга. Доколку луѓето не ја ценат „Turkish Airlines“, не би работеле или не би патувале со нас. Ако не патуваат со нас, ние нема да постоиме“, истакнува Котил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП