2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ја намали проценката за дефицитот на Хрватска, но ја зголеми проценката...

ЕК ја намали проценката за дефицитот на Хрватска, но ја зголеми проценката за државниот долг

ekevropskakomisija298

Европската комисија во денешната прогноза ја намали проценката за хрватскиот буџетски дефицит, но ја зголеми проценката за државниот долг, потврдувајќи ја есенската прогноза за движењето на бруто домашниот производ.

Така, во оваа година ЕК прогнозира намалување на буџетскиот дефицит на 5,4 проценти од БДП, а во наредната на 4,8 проценти, откако во 2013 година дефицитот изнесуваше 6 проценти од БДП.

ЕК воедно ја зголеми и проценката на државниот долг за оваа и за наредната година. Така во оваа година се очекува државниот долг на Хрватска да изнесува 67,4 проценти од БДП, додека во 2015 година тој би можел да изнесува 68,7 проценти.

ЕК повторно ја потврди есенската прогноза за растот на хрватската економија, односно 0,5 проценти во 2014 година и 1,2 проценти во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП