27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ноември потрошена повеќе енергија

Во ноември потрошена повеќе енергија

energija elektricna

– Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29,5 отсто, а бруто-домашното производство со 70,5 проценти.

Во ноември 2013 година вкупно се увезени 21.459 милиони нормални метри кубни природен гас, што е за 64,6 отсто повеќе во однос на увозот во истиот период од претходната година.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84,5 отсто, додека финалната потрошувачка со 15,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП