27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Велт“: Берлин размислува за преструктуирање на помошта за Грција

„Велт“: Берлин размислува за преструктуирање на помошта за Грција

grecee die welt

Коалициската Влада во Берлин работи на реформирање на помошта за Грција, тврди германскиот весник „Велт“.

Весникот наведува дека германската Влада планира преструктуирање на помошта, ако Атина има потреба од трет спасувачки пакет. Покрај германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле другите негови европски колеги не зборувале за веројатноста од третата кредитна линија за Грција.

„Велт“ цитира неименуван владин извор, кој истакнува дека „реформите за кои Грција добила транша од 10 милијарди евра во мај, се нецелосно имплементирани.

„За нас, тоа не е доволно за да ја исплатиме следната транша“, вели изворот на „Велт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП