2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Жито“ Велес со сопствени производи на водечки саем во Берлин

„Жито“ Велес со сопствени производи на водечки саем во Берлин

saem

Друштвото за производство, трговија и услуги „Жито“ Велес со изложување на земјоделски производи од сопствено производство се претстави на водечкиот Светски саем за бизнис со свежо овошје и зеленчук – „Фрут Логистика” што се одржува секоја година во Берлин, Германија.

„Ова e одлична можност за наше претставување и за отворање на нови можности за соработка и планирање на извоз. Да се биде дел од Фрут Логистика значи дека пред се имате висок квалитет на производите кои ги задоволуваат стандардите во Западна Европа, што е уште една потврда за нашата добра производна практика“, изјави Жарко Ѓошевски, директор на секторот за земјоделие во ДПТУ „Жито“ Велес.

Во текот на саемското претставување, Жито оствари контакти со компании од голем број европски држави, меѓу кои и Италија, Германија, Франција, Норвешка, како и компании од блискиот исток.

На саемот во Берлин што се одржа во првата недела на месец февруари оваа година беа присутни над 2600 изложувачи од 84 земји, а го посетија повеќе од 62 илјади гости од 140 земји од светот.

„Големиот број компании и посетители ни даде идеална можност да го презентираме широкиот асортиман на нашите производи, ни понуди и одлична прилика да оствариме средба со потенцијалните купувачи, дистрибутери на големо и мало и да ги испитаме можностите за идни стратешки бизнис планови, како и да ги отвориме вратите кон светските пазари“, додаде Ѓошевски.

Saem za zemjodelie_Berlin

Саемот „Фрут Логистика” е одлична можност и за дополнителна едукација во делот на најновите технологии и трендови, производствени процеси и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на пазарниот удел во индустријата на овошје и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП