9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQantas (не) отпушта 5.000 работници

Qantas (не) отпушта 5.000 работници

QantasA380

Австралиската авиокомпанија „Qantas“ е посветена на планот за намалување на трошоците за две милијарди австралиски долари (1,8 милијарди долари).

Во компанијата одбија да ги потврдат или отфрлат информациите кои ги објавија медиумите дека ќе укинат 5.000 работни места.

„Qantas“ е соочена со рекордните трошоци за гориво и силната конкуренција која добива субвенции, а во декември порачаа дека ќе врачат 1.000 отказни решенија, предупредувајќи дека ќе имаат полугодишна загуба од 300 милиони австралиски долари.

Медимите во Австралија пишуваат дека авиокомпанијата, пред укинувањето на 5.000 работни места, би можела да продаде дел од своите терминали, да пензионира некои од старите авиони и да ги откаже новите нарачки. Меѓутоа во „Qantas“ немаа коментар за овие информации, порачувајќи само дека ќе мораат да донесат некои тешки одлуки за во наредните три години да заштедат две милијарди австралиски долари.

Компанијата истакнува дека е соочена со сериозни предизвици и дека лобира владата да ги намали лимитите на странските инвестиции или да обезбеди државна помош. Официјална Камбера јасно порача дека нема да бидат одвоени пари од даночните обврзници, но наведе дека е можно ублажување на прописите во продажбата на „Qantas“, со кои странското учество во компанијата се ограничува на 49 проценти.

Директорот на „Qantas“, Ален Џојс наведува дека тоа ограничување може да го скрати пристапот до капитал и спречува компанијата да биде поконкурентна со домашниот ривал „Virgin Australia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП