15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин очекува поголеми приходи од даноците

Берлин очекува поголеми приходи од даноците

germanijadanoci1

Германското Mинистерство за финансии ја зголеми прогнозата за даночните приходи, со очекувања дека во периодот 2015-2018 година ќе соберат додатни 7,1 милијарди евра, пишува неделникот „Spiegel“.

Од тоа Mинистерство не сакаа да ги коментираат тврдењата на медиумите, но порачуваат дека германската влада за буџетот за 2014 година и за идните финансии ќе расправа на 12 март, а тогаш ќе биде објавена прогнозата за даночните приходи.

Според пишувањата на порталот „Business Recorder“, германската влада за оваа година очекува раст од 1,8 проценти, а за наредната година очекува раст од два проценти.

Германското Министерство за финансии во ноември минатата година соопшти дека централната влада во 2015 година ќе собере 277,5 милијарди евра од даноци, што е за 3,2 проценти повеќе во однос на прогнозираните даночни приходи за 2014 година од 269 милијарди евра.

Меѓутоа, еден висок функционер во германската влада пред неколку дена го окарактеризира високиот трговски суфицит на Германија како „неправеден“, придружувајќи се така на критиките на другите европски земји и САД, кои ја осудија Германија поради недоволното поттикнување на домашната побарувачка и создавање на глобална нерамнотежа.

Имено, германскиот државен секретар за европски работи Михаел Рот, кој е член на Социјалдемократската партија на Германија, е првиот висок функционер од германската влада кој застана против суфицитот.

Со брзата експанзија на секторот со ниските плати во Германија, со зголемувањето на несигурните договори за работа, стекнавме нефер конкурентска предност во однос на партнерите. Тоа треба постепено да го отстраниме, изјави Рот во интервју за „AFP“.

Неговиот став се разликува од мислењето на конзервативците на германска канцеларка Ангела Меркел, кои вишокот не го сметаат како проблем и покрај тоа што непрекинато ги надминува лимитите одредени на ниво на целата Европска унија.

Инаку, најголемата европска економија минатата година забележа мал буџетски суфицит, благодарение на забрзаниот економски раст. Според најновиот извештај на Заводот за статистика, во 2013 година е евидентиран буџетски суфицит од 0,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП