2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали 2014 ќе биде година на мега-преземања на компании?

Дали 2014 ќе биде година на мега-преземања на компании?

merger1

Со три големи преземања на компании во изминатата недела во вредност од околу 110 милијарди долари во Соединетите Американски Држави, 2014 година може да биде година на мега-преземања, бидејќи многу компании полни со пари ќе се обидат да го искористат прилично тешкото време за економијата.

Експертите кои се занимаваат со спојување (merger) на компании сметаат дека ова е најдобриот период за преземање од почетокот на финансиската криза во САД бидејќи е зголемен интересот за аквизиција, кој во последните години беше прилично слаб поради европската должничка криза и буџетските проблеми во Вашингтон.

Последната аквизиција на „WhatsApp“ од страна на „Facebook“ прилично изненади многумина аналитичари и тоа претставува петата аквизиција според вредноста во ИТ секторот во историјата, со што вкупната аквизиција во ИТ секторот достигна 42 милијарди долари за една година, што е најголемиот износ од 2000 година.

– Многу компании во САД се преполни со пари и навистина е време некаде да ги потрошат, сметаат аналитичарите. Само од почетокот на оваа година, извршени се 37 аквизиции на компании во вредност од повеќе од милијарда долари, во однос на 29 од пред една година.

Најголем износ плати „Comcast“ за преземање на компанијата „Time Warner Cable“ (69,16 милијарди долари), потоа „Actavis“ за преземање на компанијата „Forest Laboratories“ (25,44 милијарди долари), додека на третото место се најде споменатиот „Facebook“. Од оние кои ни се на нас познати „Fiat“ плати 3,65 милијарди за преземање на „Chrysler“, додека „Google“ го презема „Nest“ за 3,2 милијарди долри.

Топ 10 најголеми аквизиции на компании во историјата на САД

1. America Online ја презема компанијата Time Warner за 164,72 милијарди долари

2. Verizon ја презема компанијата Cellco за 130 милијарди долари

3. AT&T ја презема компанијата BellSouth за 96,95 милијарди долари

4. Exxon Mobil ја презема компанијата Mobil за 85,64 милијарди долари

5. Pfizer ја презема компанијата Warner-Lambert за 85,57 милијарди долари

6. Pfizer ја презема компанијата Wyeth за 79,59 милијарди долари

7. Verizon ја презема компанијата GTE за 79,24 милијарди долари

8. AT&T ја презема компанијата AT&T Teleholdings за 72,47 милијарди долари

9. Citigroup ја презема компанијата Citicorp за 69,62 милијарди долари

10. Comcast ја презема компанијата Time Warner Cable за 69,19 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП