28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШминка на интервјуто за работа: Да или не?

Шминка на интервјуто за работа: Да или не?

makeup-for-work

Едно британско истражување покажува дека кај повеќе од две третини од работодавците жените немаат шанси да се вработат доколку на разговорот за работа не бидат нашминкани. Истражувањата покажуваат дека и жените се посигурни во себе кога се „одлично средени“.

Според истражувањето направено во Британија, повеќе од две третини (68,6 проценти) од работодавачите не вработуваат жени кои на разговорот за работа доаѓаат ненашминкани.

Докажано е и дека 49 проценти од шефовите велат дека шминката на лицето на жената е основниот услов во професиите поврзани за продажбата, промоцијата на производи или кога станува збор за некоја повисока улога во компаниите. Исто така, 60,8 проценти од работодавачите наведуваат дека ако нивните колешки не се нашминкани и средени секојдневно тоа лошо ќе се одрази на нивното останување и унапредување во компанијата.

Многу лица не сакаат да ги видат вработените жени на состаноците од работа без шминка, бидејќи сметаат дека така изгледаат непрофесионално, но тука сепак станува збор за нежната шминка која ги нагласува убавите црти на лицето, а не онаа за вечерните излегувања, покажува истражувањето.

Интересно е тоа што и 66,4 проценти од жените изјавиле дека се чувствуваат многу посамоуверено кога се нашминкани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП