11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: За три украински банки CCC

S&P: За три украински банки CCC

krediten rejtingpad15

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на трите најголеми украински банки „Privat Bank“, „Kredo Bank“ и „Alfa Bank“.

Агенцијата oбјави дека рејтингот е намален на „CCC“ од „CCC+“ со негативни изгледи, додека краткорочните рејтинзи на овие банки се потврдени на нивото „C“.

„S&P“ минатата недела го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина во странска валута за еден степен, од „CCC+“ на предбанкротно ниво „CCC“ со негативни изгледи.

Во образложението на кредитната агенција е наведено дека политичката ситуација во Украина значително е влошена. „S&P“ смета дека тоа ја намалува можноста на украинската влада да ги сервисира долговите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП