3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric инвестира во „зелена“ енергија

General Electric инвестира во „зелена“ енергија

gegeneralelectric15986.

Американскиот индустриски конгломерат „General Electric“ до 2020 година ќе инвестира уште 10 милијарди долари во истражување на еколошките извори на енергија.

Како што соопштија од компанијата, пaрите ќе бидат инвестирани во истражување на методи за хидраулично расцепкување и ветерни турбини.

Со тоа ќе се прошири капацитетот на програмата која „General Electric“ ја започна во 2005 година, а чија цел е пронаоѓање на нови технологии кои ги намалуваат трошоците и негативните ефекти врз животната средина, пренесува агенцијата Франс прес.

Најавените инвестиции на „General Electric“ ќе овозможат поддршка за истражувањето во областа на алтернативната технологија.

Како што се наведува во соопштението на „General Electric“, оваа програма позната како „ecomagination“ веќе донела приходи од 160 милијарди долари и ја намалила емисијата на гасови.

Во рамките на овој проект „General Electric“ досега има инвестирано 12 милијарди долари од вкупно 15 милијарди долари кои беа најавени за инвестирање до 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП