10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на кубански пури во 2013 година зголемена за осум проценти

Продажбата на кубански пури во 2013 година зголемена за осум проценти

kubanskipuri15

Трговијата со кубански пури „е во добра кондиција“, со прометот од 447 милиони долари во 2013 година или зголемување за осум проценти, соопшти групацијата „Абанос“.

Ова зголемување ја покажува стабилноста и позитивните тенденции во трговијата со пури во светот и покрај мерките за ограничување на потрошувачката на тутунски производи, подвлече на прес-конференција Ана Лопес, директор за маркетинг на „Абанос“.

„Абанос“ годинава го прославува 20-годишното постоење.

Иако Европа и натаму останува најголемиот пазар за кубански пури, најголемиот раст на  продажбата е регистриран во Кина, посочи потпретседателот на „Абанос“, Хавиер Торес Ерсиља.

Над 1.000 учесници од 60 земји пристигнаа во Хавана на 16-от меѓународен фестивал на кубанските пури, што според традицијата се оддржува во конгресната палата, јави ИТАР-ТАСС.

Годинава на фестивалот, што завршува на 28 февруари, ќе бидат претставени неколку нови производи на познатите марки „Ојо де Монтереј“ (Hoyo de Monterrey), „Партагас“ (Partagas), „Тринидад“ (Trinidad) и „Ејч Апман“ (H Upman).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП