10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAer Lingus планира отпуштања

Aer Lingus планира отпуштања

aerlingus203

Ирскиот авиопревозник „Aer Lingus“ планира да започне со планот за заштеда во наредните две години кој ќе доведе до нови отпуштања на вработените.

Минатогодишниот нето профит на ирската авиокомпанија „Aer Lingus“ изнесуваше 34 милиони евра, за 0,7 проценти повеќе отколку во 2012 година, пренесува АФП.

Профитот од работењето на ирската компанија е намален минатата година за 11,6 проценти, на 61,1 милиони евра поради острата конкуренција на кратките летови.

„Aer Lingus“ планира оваа година да оствари стабилен оперативен профит.

„Оваа година ќе се сконцентрираме на два клучни аспекти: услугите и цените“, изјави генералниот директор на компанијата Крисоф Милер.

Директорот го најави спроведувањето на новиот план „CORE“, кој подразбира ново намалување на бројот на вработени, како и подобрување на продуктивноста со цел да се заштедат 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП