4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто е важно домот да ни биде енергетско ефикасен

Зошто е важно домот да ни биде енергетско ефикасен

grandprestigeskopje

Ако сакате да дознаете се за предностите на енергетско ефикасниот дом, Гранд престиж ќе ви ги даде сите потребни информации. Оваа едукативна содржина ја нуди кампањата „Мојот иден стан“ на Гранд Престиж што ќе се одржи на 9-ти и 10-ти февруари 2013 година (сабота и недела) во Skopje City Mall (до Carrefour), со почеток од 13.00 до 19.00.

„Гранд Престиж за сите граѓани организира наградна игра наречена „Мојот иден стан“ во која може да земат учество со цел да го изберат својот енергетско ефикасен дом. Ги покануваме да не посетат во комплексот кој се наоѓа кај Алумина и да се уверат дека им нудиме живот според светски стандарди со одржувано зеленило и паркови со детски игралишта. Модерен амбиент, здрав животен простор, свежина, буквално сè на едно место за целото семејство“, – изјави Егзона Алиу, менаџер на комплекост „Гранд Престиж“.

На настанот граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од наградната игра „Мојот иден стан“ во којшто се учествува преку фотографирање со нивните омилени дизајнерски решенија на становите. Фотографиите ќе бидат поставени на Facebook профилот на станбениот комплекс Гранд Престиж локалитет Алумина: https://www.facebook.com/grandprestigeskopje?fref=ts

За оние коишто ќе учествуваат и ќе освојат најмногу лајкови на својата фотографија ќе добијат интересни награди.

Гранд Престиж е награден и прогласен за проект на годината на првата Конференција за недвижности и инвестиции во Република Македонија – RealEX 2011, Скопје.

GrandPrestige

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП