8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Деловната доверба непрекинато расте

Германија: Деловната доверба непрекинато расте

germanijaberlingerber

Деловната доверба во Германија во февруари порасна четврти месец по ред, во време кога очекувањата околу зајакнувањето на најсилната европска економија растат.

Индексот на деловната клима, кој го пресметува економскиот институт – Ифо, се зголеми овој месец на 111,3 од 110,6 поени од јануари, достигнувајќи го нивото од јули 2011 година, наведува Ифо, пренесува агенцијата Франс прес.

„Германската економија добро се држи во однос на променливата глобална економска клима“, изјави директорот на институтот Ханс Вернер Зин.

Ифо го пресметува основниот индекс врз основа на одговорите на компаниите за нивното моментално работење и очекувањата во наредните шест месеци.

Подиндексот кој го мери моменталното работење е зголемен на 114,4 од 112,4 поени, додека подиндексот за прогнозите е намален на 108,3 од 108,9 поени.

Очекувањата во врска со идното бизнис работење сепак се оптимистични, наведува Зин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП