2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarmer отпушта 3,500 вработени

Barmer отпушта 3,500 вработени

barmergek1

Најголемата германска приватна компанија за здравствено осигурување „Barmer GEK“, ќе го намали бројот на вработени за 3.500, односно за 20 проценти, како одговор на влошувањето на пазарните услови и промената во однесувањето на клиентите.

Директорот на „Barmer“ Криштоф Штрауб денес соопшти дека компанијата планира да го намали бројот на канцеларии за директен контакт со клиентите и да изгради сопствен телефонски и интернет сервис.

„Нашите анализи покажаа дека повеќето клиенти своите работи ги обавуваат преку телефон или интернет и дека се помалку доаѓаат во нашите канцеларии“, изјави Штрауб.

Тој додаде дека влошувањето на финансиските услови за корисниците на здравственото осигурување претставува уште еден фактор.

„Barmer“ планира да ги намали трошоците во оваа година за 250 до 300 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП