5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови детали за SUV моделот на Bentley

Нови детали за SUV моделот на Bentley

bently suv muv

Можете да ги сакате или не, но „SUV“ моделите се изборија за свое место на пазарот, ги освоија купувачите. Па така и речиси да нема авто-компанија во светот која не произведува барем еден таков модел. Тие неколку, меѓу кои е и „Bentley“, иако се уште не им понудија на купувачите возило од класата „SUV“, на големо работат на нив.

„Bentley SUV“ е актуелна тема уште од 2012-та година кога на женевскиот саем беше прикажан концептот „EXP 9 F“. Контрадикторните реакции кои овој модел ги предизвика кај публиката, ја доведе компанијата уште еднаш да го ревидира неговиот дизајн, но и можноста за натамошен развој на еден таков автомобил.

По долгото размислување, раководството на групацијата „Volkswagen“ во чија сопственост е „Bentley“, во половината 2013-та дадоа зелено светло за продукциската верзија. По кратката пауза, благодарејќи на „Auto Express“, имаме можност да дознаеме нови информации за овој луксузен „SUV“ модел.

Иако на почетокот се споменуваше дека „SUV“ моделот на „Bentley“ според димензиите ќе биде сличен на „Audi Q7“ и би можел да има три реда седишта, сепак британскиот магазин тврди дека ова возило по димензиите ќе биде многу сличен на „Porsche Cayenne“.

bently suv muv1

Тоа воедно би требало да биде и првиот „Bentley“ автомобил кој ќе има дизел мотор. Се шпекулира за 4.2-литарска „V8 twin-turbo“ единица која се користи и во моделот „Cayenne S Diesel“. Oвој мотор располага со 382 ks и максимален вртежен момент од 850 Nm.

Меѓу останатите погонски опции и натаму се споменува „Plug-In“ хибридниот систем, што за „Auto Express“ го потврди претседателот на управниот одбор на компанијата, Вофганг Шрајбер. Предвидено е „Bentley SUV“ во продажба да се појави во 2016-та, додека хибридната верзија ќе биде претставена една година подоцна.

Во компанијата се веруваат дека нивниот „SUV“ ќе биде продажен хит.

„Веќе добивме 2.000 нарачки, иако купувачите се уште не се запознаени со дефинитивната цена и конечниот изглед на автомобилот“, се пофалил Шрајбер.

„Bentley“ смета пред се на своите традиционални купувачи.

bently suv muv2

„30 проценти од сопствениците на „Bentley“ автомобилите покрај него имаат и еден луксузен „SUV“ на некој друг производител. Доколку успееме макар дел од нив да ги убедиме да купат „Bentley SUV“, веќе ќе постигнеме голем успех“, вели директорот на продажба и маркетинг, Кевин Роуз.

Компанијата очекува годишно да продава три до четири илјади примероци. „SUV“ моделот ќе помогне да се реализира планот кој предвидува вкупниот број на продадени „Bentley“ автомобили до 2018-та да порасне од сегашните 8.510 нa 15.000 единици. Во овој план, пред се се смета на пазарите во САД и Кина, а потоа и на рускиот и пазарите на Блискиот Исток.

Почетната цена на „SUV“ моделот би требало да изнесува околу 145.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП