21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на банката HSBC

Скокна профитот на банката HSBC

hsbchsbc4575

Британскиот банкарски гигант „HSBC“ денес соопшти дека нето профитот минатата година е зголемен за 15,5 проценти на 16,2 милијарди долари (11,8 милијарди евра).

Банката во 2012 година оствари профит по оданочувањето од 14,03 милијарди долари, а таа година имаше големи трошоци за судски постапки и еднократни трошоци, наведува „HSBC“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Нашето работење во 2013 година е одраз на стратешките мерки кои ги спроведувавме во последните три години“, изјави извршниот директор на банката Стјуарт Гуливер, осврнувајќи се на програмата за намалување на трошоците, во чии рамки „HSBC“ од 2011 година ја намaли работната сила за 41,000 лица.

„Групацијата денес е помала и поедноставна отколку во 2011 година, со посилен потенцијал за раст“, додаде Гуливер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП