3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрик прашања на интервјуто за работа

Трик прашања на интервјуто за работа

trikprashanja1

Доколку имате среќа да бидете во потесниот круг и да ве повикаат на интервју за работа, не мислете дека се е завршено. Всушност „главниот предизвик“ само што пристигна.

Работодавците се преполни со трик прашања со кои си играат прихолошки игри со своите потенцијални работници.

Погледнете ги овие трик прашања со кои ќе се обидат да ви направат замка на интервјуто.

„Кажете ни за вашите деловни достигнувања за кои најмногу сте горди…“

Навидум безопасно прашање, но всушност многу треба да внимавате. Со ова прашање работодавците сакаат да откријат кои сте вие навистина. Подгответе се – наоружајте се со податоци за сопствените резултати кои сте ги постигнале, за проектите на кои сте работеле и за начинот на кој работите. Внимавајте се да е точно, мудро и реално, немојте да лажете, овие информации лесно се проверуваат.

„Можете ли да го опишете идеалниот колега“

Ова е прихолошко прашање, бидејќи лицата кои ќе го опишат идеалниот колега, всушност се опишуваат себе и своите способности. Знаат да прашаат и што е она што ви пречи кај колегите, а тоа се всушност работите кои и кандидатот ги има кај себе.

„Како би го решиле овој предизвик“

На кандидатите им се дава конкретен проблем, а потоа од него се бара да објасни како тој би го решил тој проблем – чекор по чекор. Со ова прашање ќе се открие потенцијалот на кандидатот и тоа како навистина се снаоѓа во реалниот свет. Важно е да бидете мирни и концентрирани и да ги употребите вашите вештини.

„Што ќе работите во првите сто дена на новото работно место“

Со помош на ова прашање работодавецот проверува дали потенцијалниот работник знае да планира и да одреди цели. Ако одговорите се општи и нејасни, ќе покажете дека не сте подготвени. Дури и ако стварно не знаете што ќе работите, обидете се да одговорите конкретно. Употребете го својот талент и своето искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП