3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајважната лекција од Бил Гејтс

Најважната лекција од Бил Гејтс

B

Новиот извршен директор на „Microsoft“ Индус Сатјанарајана Надела, во своето прво интервју од преземањето на таа функција пред две недели, открива која е најголемата лекција која ја научил од основачот на компанијата Бил Гејтс.

Новиот директор на „Microsoft“ лично го замолил Бил Гејтс да поминува повеќе време во компанијата со цел да му обезбеди соодветна помош, поради неговиот исклучителен аналитички пристап.

„Бил секогаш е добро подготвен и веќе во првите пет секунди од разговорот ќе пронајде некоја логична грешка во презентацијата. Секогаш се прашувам како тоа е воопшто можно кога вложив толку енергија во тоа што го покажувам. Во почетокот бев исплашен од тоа. Но, тој навистина цврсто стои на земја и чека да му се спротивставите. Остро ќе се расправа со вас неколку минути и кога ќе ги согледа сите понудени аргументи од сите aгли, ќе биде првиот кој ќе каже – Ох, вие сте биле во правo“. Истата особина ј поседуваше и Стив Џобс. Они ги проверуваат вашите убедувања и ставови под притисок“, истакна Надела во интервјуто на Њујорк Тајмс.

Токму таа, советодавна-инспекторска улога ќе биде новата функција на Бил Гејтс во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП