28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовена вредноста на Vodafone

Преполовена вредноста на Vodafone

vodafone2

Британската телекомуникациска групација „Vodafone“ ја заврши најголемата продажба во последната деценија.

Со тоа големината на компанијата е преполовена во моментот кога нејзиниот извршен директор Виторио Колао ја започна новата стратегија за проширување.

По продажбата на 45 проценти од уделот во најголемиот американски оператор за мобилна телефонија „Verizon“, „Vodafone“ ќе им исплати 82,5 милијарди долари на акционерите и ќе ги консолидира своите акции, со што пазарната вредност на компанијата од следната година ќе биде намалена на околу 60 милијарди фунти (100 милијарди долари).

Вредноста на „Vodafone“ претходно беше проценета на 116 милијарди фунти. Оваа компанија ќе падне од второто на четвртото места на листата за најголеми телекомуникациски компании според пазарната вредност, зад „China Mobile“, „AT&T“ и „Verizon“, покажуваат податоците на Блумберг.

Продажбата на уделот во „Verizon“ ќе му помогне на „Vodafone“ да ги отплати долговите и да финансира нови инвестиции проценети на седум милијарди фунти до март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП