1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxa го зголеми профитот за 14 проценти

Axa го зголеми профитот за 14 проценти

axainsu12

Осигурителната компанија „Axa“, објави во Париз дека во 2013 година имала вкупен приход од 91,2 милијарди евра.

Како што наведува, нето добивката во минатата година пораснала за 14 проценти во однос на една година претходно и изнесува 4,5 милијарди евра, па затоа Одборот на директори предложил зголемување на дивидендата по акција за 13 проценти.

Во областа на осигурувањето на живот и заштеди „Axa“ остварила премија од 55,3 милијарди евра, што е за два проценти повеќе отколку на крајот на 2012 година.

Се истакнува дека доброто работење во рамките на неживотното осигурување остварило 28,8 милијарди евра, што е за два проценти повеќе во однос на претходната година.

Успешната деловна година „Axa“ ја заокружи со раст од осум проценти во управувањето со средствата, се истакнува во соопштението на компанијата која работи во 52 земји и има 102 милиони клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП