3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците кријат пари во Швајцарија

Американците кријат пари во Швајцарија

sefovibanka1

Повеќе од 40 проценти од Американците кои криеле пари во странство, имале сметки во швајцарските банки, се наведува во соопштението на Сметководствениот суд на САД.

Од 12.900 анализирани сметки во странство на американски државјани, 5.427 се наоѓаат во Швајцарија, открила анкетарната комисија на американскиот Сенат.

Околу осум проценти непријавени сметки на Американците се откриени во Велика Британија, додека пак, четири проценти биле скриени во Франција, а исто толку и во Израел, Канада и Германија.

Бидејќи американската даночна управа им вети на даночните обврзници со непријавени сметки во странство дека ќе им ја намали паричната казна и ќе ги ослободи од затворска казна, повеќе од 40.000 Американци доброволно ги пријавиле своите сметки, што и овозможи на државата да собере 5,5 милијарди долари од даноци.

Половина од американските даночни затајувачи со сметки во странство се од Калифорнија, Њујорк и Флорида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП