4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Австрија со врвен рејтинг

Fitch: Австрија со врвен рејтинг

fitch-ratings

Меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Австрија на највисок степен ААА со стабилна прогноза.

Рејтингот на краткорочни обврски во странска валута е потврден на ниво F1+, а врвниот рејтинг на земјата на ААА, пренесува словачката агенција „Sita“.

„Fitch“ во образложението на својата одлука го истакна планираното реструктуирање на национализираната банка „Hipo Alpe Adria“, која веројатно ќе го зголеми јавниот долг на Австрија повеќе од очекуваното.

Фактот дека владата до сега не објавила посакувано решение за проблемите на банката, во краткорочен период ја зголемува несигурноста, предупредува агенцијата.

Прогнозата за развојот на јавниот долг на Австрија е базирана на конзервативното сценарио, според кое државата ќе го преземе целокупниот имот на „Hipo Alpe Adria“ банката. Тоа во 2014 година би го зголемило јавниот долг за 18 милијарди евра, или 5,6 проценти од БДП.

Австрискиот банкарски сектор, според „Fitch“, и понатаму ќе работи на домашните и странските пазари во стабилен, но тежок амбиент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП