3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛоши вести за Gucci и Yves Saint Laurent

Лоши вести за Gucci и Yves Saint Laurent

guccikering1

Нето профитот на француската компанија за луксузна стока „Kering“ е преполовен минатата година, поради насочувањето на фокусот на оваа групација на брендовите „Gucci“ и „Yves Saint Laurent“.

Нето профитот на „Kering“ е намален минатата година на 49,6 милиони евра од милијарда евра во 2012 година, поради вонредните трошоци поврзани со повлекувањето на компанијата од малопродажбата и интернет нарачките, и фокусирањето на најлуксузните производи и пазари, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквиот пад на профитот особено е невообичаен за францускиот сектор за луксузна стока под чија контрола се многу глобални светски брендови.

Кога ќе се исклучат вонредните трошоци од 1,2 милијарди евра, нето профитот на „Kering“ е намален за 3,1 проценти на 1,23 милијарди евра, додека профитот од работењето исто така е намален за 2,3 проценти на 1,75 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП