12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRВS ја напушта Азија - 30.000 откази

RВS ја напушта Азија – 30.000 откази

rbs 113

Британската банка „Royal Bank of Scotland“ би требало наскоро да отпушти една четвртина од своите работници поради реорганизација.

Според пишувањето на „Фајненшал тајмс“ и „Дејли телеграф“, „RBS“ наредната недела, заедно со објавувањето на резултатите од работењето, ќе го најави и отпуштањето на помеѓу 20.000 и 30.000 работници.

Како што јавуваат британските медиуми, „RBS“ ќе го намали работењето во секторот за инвестициско банкарство и ќе го напушти азискиот пазар, па според аналитичарите, банката ќе се фокусира на работењето во Британија.

„Royal Bank of Scotland“ двапати беше спасена со парите од даночните обврзници, по финансиската криза во 2008-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП