24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро специјални банкомати за биткоин

Наскоро специјални банкомати за биткоин

bitkoin20mkpolll56

Во САД наскоро ќе се појават специјални банкомати за биткоин – оваа услуга први ќе можат да ја искусат жителите на Тексас и Вашингтон, за разлика од услугите на интернет, овој пат корисниците нема да можат да бидат анонимни.

Банкоматите се опремени со скенери за „читање“ на возачките дозволи или пасошите за идентификација на оние кои сакаат да купат или продадат биткоин.

Експертите наведуваат дека кај луѓето се јавува потреба да ја користат оваа валута, а компанијата која ги произведува банкоматите смета на заработка од провизија при тргувањето.

Ако искуството се покаже како позитивно, тогаш ваквите банкомати ќе се појават и во големите градови на Канада, САД и Европа.

Особено е значајно секој кој го користи банкоматот за биткоин да се идентификува, бидејќи претходно беа забележани случаи кога криминални групи ја користеа оваа валута за купување на оружје и наркотици.

Биткоинот прв пат се појави во 2008 година. Емитувањето на оваа електронска валута се изведува без никаква контрола на државните органи.

Тоа ги вознемирува светските регулатори и банките. Многумина предупредуваат дека со помош на биткоинот може да се избегне плаќањето на даноци, перење пари или да се финансираат терористички групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП