2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Доведете ги во ред вашите економии

Шојбле: Доведете ги во ред вашите економии

shojble

Пазарите во развој мораат најпрво да ги доведат во ред своите економии, а потоа да бараат солидарност од другите земји, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојблe.

„Проблемите на пазарите во развој ќе бидат главна тема на самитот на групата Г20 – група на најразвиените земји во светот и економиите во равој, кој ќе се одржи во Сиднеј“, изјави Шојбле.

Во последните неколку месеци, пазарите на акции, обврзници и валути се соочија со флуктуации, поради загриженоста од слабиот економски раст и укинувањето на програмата за монетарно поттикнување во САД, оценува Ројтерс.

„Забележуваме извесни промени во одделни земји во развој, што ќе биде и најважната тема на самитот на Г20. Според моето мислење, мораме секогаш да се стремиме кон солидарност и секој од нас најпрво треба да ја реши својата домашна задача, а потоа да побара солидарност од другите“, истакна Шојбле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП