3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали рејтингот на Украина на CCC

S&P го намали рејтингот на Украина на CCC

Ukraine Protests

Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „CCC+“ на „CCC“.

Рејтингот е намален со образложение дека влошенатa политичка криза во земјата ја загрозила способноста на владата да го сервисира долгот и ја зголемила неизвесноста околу исплатата на руската ветена помош.

„Ова намалување на кредитниот рејтин го одразува нашиот став дека политичката ситуација во Украина е значително влошена“, се наведува во соопштението на агенцијата.

„Сметаме дека поради политичката криза е зголемена неизвесноста околу продолжувањето на исплатата на руската финансиска поддршка за Украина во текот на 2014 година, со што владината способност да го сервисира долгот е доведена во голема опасност“, објавија од „S&P“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП