24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel го зголеми нето-профитот

Henkel го зголеми нето-профитот

henkell1

Германскиот производител за средства за перење и чистење „Henkel“ соопшти дека минатата година забележале раст во нето-профитот и покрај девизниот курс.

Нето-профитот на „Henkel“ во 2013-та година достигна 1,59 милијарди евра, во однос на 1,48 милијарди евра од минатата година.

Оперативниот профит е зголемен за 3,9 проценти, на 2.28 милијарди евра. Од друга страна, прометот забележа пад до 16,35 милијарди евра, од 16,51 милијарди евра колку што изнесуваше во 2012-та година, што е последица токму на неповолното движење на курсот.

Прометот без влијание на пресметаните девизи и превземањето и продажбата на имотот, порасна за 3,5 проценти, затоа што беше поттикнат од обемот на продажба, но и од цената.

Во четвртиот квартал од минатата година, нето-профитот падна на 321 милиони евра, со 349 милиони евра во истиот период од 2012-та година. Прометот во последниот квартал од 2013-та е намален за 3,7 проценти, на 3,85 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП