4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува изградбата на автопатот Скопје - Штип

Почнува изградбата на автопатот Скопје – Штип

avtopat152

Градежни активности за изградба на нов автопат Миладиновци – Штип ќе почнат денеска со поставување камен-темелник на местото „Три чешми“, Штипско. Автопатот ќе биде долг 47 километри, а широк 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување.

Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, што државата ги обезбеди со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.

Новата автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, со која Владата потпиша договор во декември лани. Кинеската компанија, која треба да го гради и автопатот Кичево-Охрид, во должина од 56 километри, е обврзана да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.

Со изградбата на двете нови автопатски делници се очекува интензивирање на економскиот развој во сите региони од државата, развој на туризмот и намалување на времето за патување и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП