5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на Walmart

Намалена продажбата на Walmart

walmartvolmart1

Слабата продажба за време на празничната сезона во САД и низата трошоци поврзани со проширувањето во странство предизвикаа остар пад на заработката на американскиот гигант „Walmart“.

Најголемиот светски ланец на продавници за малопродажба во три месеци заклучно со јануари забележа пад на профитот од 0,4 проценти во продавниците во САД, бидејќи купувачите ја намалиле потрошувачката поради лошите временски услови, неизвесната економска ситуација и намалените бенефиции за храна, пренесува агенцијата Франс прес.

Профитот во тој период е намален за 21 процент, на 4,4 од 5,6 милијарди долари, а заработката по акција е намалена на 1,37 од 1,68 долари. Не сметајќи ги трошоците во Бразил, Кина и Индија, како и на домашниот пазар, „Walmart“ наведува дека основниот профит по акција изнесувал 1,60 долари, едно пени повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Приходите од 129,7 милијарди долари малку пoтфрлија во однос на очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа 130,23 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП