4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Грција и требаат дополнителни 40 милијарди евра

На Грција и требаат дополнителни 40 милијарди евра

gricijagrcpari1

Влијателниот бриселски институт „Бројгел“ проценува дека на Грција ќе и биде потребен трет пакет меѓунарoдна помош од 40 милијарди евра.

Тие средства ќе бидат употребени за намалување на должничкиот товар на одржливо ниво до 2030 година.

Во студијата за грчкиот јавен долг, институтот наведува дека моменталните планови да се продолжат роковите за отплата и намалувањето на каматните стапки на огромниот грчки долг нема да бидат доволни, пренесува агенцијата АП.

Европските партнери на Грција и Меѓународниот монетарен фонд од 2010 година и помагаат на Атина да не банкротира и досега и одобрија кредити во вредност од 240 милијарди евра.

„Бројгел“ наведува дека новиот пакет помош за Грција ќе и овозможи постепено да го намалува јавниот долг, да го избалансира буџетот до 2018 година и да продолжи да бележи примарен буџетски суфицит.

Јавниот долг на Грција во моментов изнесува околу 175 проценти од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП