5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirFrance – KLM забележа загуба

AirFrance – KLM забележа загуба

air france klm

Компанијата „AirFrance – KLM“ соопшти дека во минатата година забележала загуба од 1.80 милијарди евра.

Меѓутоа, за разлика од 2012-та, наместо оперативната загуба, забележале оперативен профит.

„Компанијата продолжи да се опоравува“, наведено е во соопштението кое го пренесоа агенциите.

Оперативниот профит за цела година бил 130 милиони евра, додека во 2012-та компанијата имала оперативна загуба од 336 милиони евра. Прометот од 25.42 милијарди евра во 2012-та година, минатата година бил малку зголемен на 25.52 милијарди евра.

Авиокомпанијата исто така ја потврди својата првична прогноза за 2014-та година во рамките во кои сметаат дека профиот, пред одбивањето на каматите, данокот, отписот и амортизацијата, да биде околу 2.5 милијарди евра.

Компанијата моментално е на средина на опширен процес на реструктурализација, чија цел е зголемување на профитабилноста за околу 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП