7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската „Ендава“ нова инвестиција од два милиони евра и 450 вработувања

Британската „Ендава“ нова инвестиција од два милиони евра и 450 вработувања

endava1518

Новата странска инвестиција, британската „Ендава“ ИКТ компанија со седиште во Лондон, за развивање софтвери, во Република Македонија ќе отвори нови 450 работни места во наредните три до четири години, а во првата фаза ќе инвестира над два милиони евра.

Џон Которел, извршен директор на британската „Ендава“, по денешната средба со премиерот Никола Груевски изрази исклучителна благодарност до Владата и другите институции и ИТ компании во земјава за поддршката и нивниот голем интерес за проширување на овој бизнис во Република Македонија.

– Од 40 градови во Европа го избравме Скопје затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар, рече извршниот директор Которел, на заедничката прес – конференција со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида, додавајќи оти бил импресиониран од условите кои ги нуди нашата држава, а им биле презентирани и на средба со вицепремиерот Зоран Ставревски и директорот Фида.

Британската „Ендава“, која работи на развој на софтвери за најдобрите 500 мултинационални компании од листата на „ФОРТУНЕ“ од банкарскиот, телекомуникацискиот и осигурителниот сектор, отвора во првата фаза дистрибутивен центар за изработка на софтвери и во Скопје. Се планира, истакна директорот Фида, и раст на инвестициите, како и нови центри во други градови како што е Штип и Тетово, места каде што има ИТ факултети.

– Компанијата веќе почна со едуцирање на првиот тим на ИТ инженери, а во наредните месец до два ќе ја постигнат првичната бројка од 10 – 15 луѓе кои ќе можат да почнат на работат на производство на софтвер, појасни Фида.

Британската компанија „Ендава“ има свои канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта Галзгов, Оксфорд, Романија и Молдавија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП