3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска: Најголем дефицит од 1996

Шведска: Најголем дефицит од 1996

rastdeficitshvedska2523

Шведска оваа година ќе регистрира најголем буџетски дефицит за последните 20 години, покажуваат денес објавените податоци на шведската влада.

Оваа нордиска земја, на крајот на годината би требало да има буџетски дефицит еднаков на 1,9 проценти од националниот бруто домашен производ (БДП), во споредба со дефицитот од 1,5 проценти од 2013 година, покажуваат податоците на Mинистерството за финансии, пренесува агенцијата Франс прес.

Проектираниот дефицит ќе биде највисок од 1996 година, кога изнесуваше 3,3 проценти од БДП.

Шведска е членка на Европската унија, но нејзиниот прогнозиран дефицит е значително под официјалната граница на ЕУ која изнесува 3 проценти од БДП.

Владата на оваа земја, исто така, денес предложи подигнување на акцизите за алкохол (од пет проценти), цигарите (од три проценти), како и на горивото (од 12 проценти до 18 проценти).

Шведската влада за минатата година прогнозираше раст од еден процент, додека за оваа година очекува раст од 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП