8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзсеки: Преку 300 македонски компании работат по светски стандарди

Азсеки: Преку 300 македонски компании работат по светски стандарди

branko-azeski

„Македонската економија во изминатиот период има создадено многу сериозна структура. Преку 300 компании работат по светски стандарди и успеваат да го верифицираат својот производ“, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Азески, проблеми со реализирање на извозот има, но тие треба да се детектираат, да се ставаат на маса и да се решаваат.

„Фактот дека 70 отсто од нашето производство се извезува во ЕУ како најпребирлив пазар, доволно зборува дека во Македнија постои некаква структура која треба да ја поддржиме и да овозможиме нејзин раст. Тоа е во интерес не само на создавањето профит на компаниите, туку и во интерес на секој граѓанин“, напомена Азески по презентацијата на новата палета производи на „Мак прогрес“ во Стопанската комора.

Поддршката на извозот, инфраструктурата и инвестициите останува приоритет за Комората. Годинава во фокусот ќе бидат три стратегиски компоненти, средување регулатива и мрежа на партнерски организации со земјите од третиот свет, како и регионално поврзување.

„Со некои земји од третиот свет немаме договори за двојно оданочување и заштита на инвестиции, со други не се воспоставени дипломатски односи или проблем е визниот режим,… На тоа мора да работиме. Не помалку важно е и поврзувањето на балканските земји со цел заеднички настап преку претходно креиран заеднички производ. Првиот принцип на европско организирање е токму регионалниот“, подвлече Азески.

Не постои земја во која Стопанската комора, нагласи, нема локалан партнер или точка за информирање, ниту има саем на кој не се прават максимални напори за учество и претставување на македонските компании.

Став на Азески е дека во актуелната општа песимистичка атмосфера создадена од кризата и неуспесите во регионот и во светски рамки, неправедно се оставаат на страна успешните компании. Комората, порача, секогаш ќе стои зад нив зашто тие треба да се пример за економската политика која единствено може да и гарантира благосостојба на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП