2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКористењето на системот за е-потврди во пораст

Користењето на системот за е-потврди во пораст

centralen-registar13

Системот за електронски потврди на Централниот регистар на Македонија се повеќе се користи и секојдневно се зголемува бројот на корисници, оцени денеска директорот на Централниот регистар на Република Македонија, Ванчо Костадиновски.

Посочи дека се издадени 103.261 потврда откако е пуштен во употреба во 2013 година.

„Придобивките се големи. Претставниците на компаниите не треба да се појавуваат во регистрациските канцеларии и во хартиена форма да бараат потврда“, истакна на прес-конференцијата Костадиновски и додаде дека меѓу предностите е што сега и во оние канцеларии каде претходно не можело да е издаваат потврди сега може да се добијат. Ги посочи како Берово, Валандово…

Потврдите фирмите ги бараат за да учествуваат на тендер за јавни набавки. Претходно требаше физички да дојдат во Централниот регистар за да ги добијат потребните документи, да пополат посебни барања за секој докуемнт, да ги поднесат до посебните шалтерски одделенија и да чекаат извесен период за да ги добијат документите.

Со новиот систем за издавање на Е-потврди на Централниот регистар на Република Македонија овозможува нарачка и плаќање на потврди по електронски пат и два начина на преземање на потврдите во дигитална и во хартиена форма.

Костадиновски истакна дека овој систем е воведен на барање на бизнис заедницата и е една од мерките на проектот Регулаторна гилотиња со цел да се намали административните бариери.

Целта на ситемот е сите податоци да бидат лесно достапни и да им помогне на компаниите при добивање на одредени одобренија и лиценци, како и при донесување на некои деловни одлуки.

Компаниите имаат бесплатен пристап до Елекетронски систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки.

Директорката на Бирото Маре Богева истакна дека на системот се регистрирани околу 8.000 понудувачи и оти е олеснета постапката бидејќи понудувачите треба само еднаш да ги достават потребните докумени кои се користат и во натамошните постапки во кои ќе понудуваат.

„Овозможува поефискно учество во постапката, заштедува време“, рече Богева и додаде дека во пораст е бројот на електронски постапки што се објавуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП