9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСарачини присуствуваше на почеток на работите за новиот далновод Вруток-Полог-Тетово

Сарачини присуствуваше на почеток на работите за новиот далновод Вруток-Полог-Тетово

saracin

– Министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на АД МЕПСО Синиша Спасов денеска присуствуваа на почетокот на работите за изградба на последната делница од новиот двосистемски 110 киловолтен далновод Вруток- Полог – Тетово во атарот на селото Брвеница.

Во оваа последна трета фаза според информациите од МЕПСО ќе бидат изградени вкупно 38 столбови, при што кај 23 градбата е веќе започната додека 15 ќе почнат да се градат во зависност од временските услови. Работите ги изведува ЕМО од Охрид.

Се очекува изградбата да заврши до оваа есен по што под напон ќе се стави целиот далновод во должина од 33 километри со 133 поставени челично решеткасти столбови со вкупна вредност од околу 3 милиони евра.

Од МЕПСО информираат дека поставувањето на два системи за пренос на електрична енергија водот има двојно поголем капацитет со што се решава снабдувањето со електрична енергија на Полог во следните десеттина години.

– Со новиот далновод придобивки ќе имаат и жителите на регионот и особено индустриските капацитети бидејќи на овој начин се добива постабилна и посигурна електрична енергија и се надминуваат големите проблеми од минатото кога имаше чести и подолготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, рече Сарачини.

Спасов посочи дека со цел да се подобрат напонските прилики во тетовскиот регион, формиран е еден прстен така што освен далноводот Вруток-Тетово во следниот период ќе се отпочне со обнова и на далекуводот Скопје-Тетово за што се определени околу 3,2 милиони евра, а треба да отпочне кон крајот на април и почетокот на мај кога треба да се добие одобрението за градба.

Освен 110 киловолтниот МЕПСО во полошко инвестирале и во набавка на нова примарна и секундарна опрема за 110 киловолтните трансформаторски станици Југохро, Полог, Тетово 1 и Тетово 2, Гостивар и Вруток во вкупна вредност од 1,27 милиони евра со што значително е зголемена доверливоста на електроенергетските постројки што се дел од преносната мрежа на МЕПСО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП