2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо помала продажба до рекордна заработка, тоа го може само Ферари

Со помала продажба до рекордна заработка, тоа го може само Ферари

fer1california_ff

Поголемиот број на производители на автомобили по секоја цена се обидуваат да ги зголемат продажните капацитети се со цел да остварат поголем профит. Меѓутоа, ексклузивните компании, како што е Ферари, таквата стратегија воопшто не им е неопходна за успех. Компанијата од Маранело се одлучи да го ограничи бројот на продажни единици на 7.000 годишно и со тоа да ја зголеми ексклузивноста на своите модели, а на овој начин остварија рекордна заработка во својата долга историја.

Ферари соопшти дека во текот на 2013-та година продале 6.922 автомобили, што во споредба со рекордот од 2012-та, е пад од 5.4 проценти. Меѓутоа, покрај помалата продажба, заработката пораснала за 5 проценти на 2.3 милијарди евра, како и нето-профит од 246 милиони евра. Компанијата минатата година заврши со 1.36 милијарди евра на својата сметка, што е најголем износ во историјата на Ферари.

Нормално, Ферари мораше да пронајде начин да заработи и покрај намалената продажба, а за тоа е најзаслужна нивната програма за персонализација на моделите. Од италијанската компанија е соопштено дека секој автомобил продаден во 2013-та година имал некако печат, нарачана модификација, а како што се претпоставува, таквата персонализација е доста скапа.

Во заработката допринесоа и дивизиите на Ферари кои се занимаваат со рестраврација на моделите, „Ferrari Clasiche“, како и тркачката програма „Corse Clineti“. Но тука е и тематски забавниот парк посветен на италијанскиот бренд, кој многу добро работи.

САД е најголемиот поединечен пазар за Ферари, а кој минатата година биле продадени 9 проценти повеќе автомобили (2.035 единици), што е нов рекорд. Кина е втора со 700, додека Велика Британија е трета со 677 продадени единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП