5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg ги зголеми прогнозите за профитот

Carlsberg ги зголеми прогнозите за профитот

carlbergpivo223

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ ги зголеми прогнозите за годишниот профит, наведувајќи дека благодарение на заработката во Азија, остварил профит во четвртиот квартал.

Продажбата на азиските пазари продолжува да расте, додека во западна Европа таа е намалена за два проценти, наведува компанијата. И покрај падот на продажбата, профитабилноста во Европа пораснала благодарение на премиум брендовите кои носат поголема заработка.

„Рускиот пазар забави за осум проценти поради забавувањето на економскиот раст“, наведува групацијата.

Нето профитот на „Carlsberg“ во три месеци заклучно со декември порасна на 1,13 милијарди круни (151 милион евра) од 192 милиони круни во истиот период во 2012 година. Не сметајќи ги вонредните трошоци, профитот од работењето е зголемен за осум проценти на 2,32 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП