11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole повторно бележи профит

Credit Agricole повторно бележи профит

credit-agricole

Третата најголема француска банка „Credit Agricole“ во последното тромесечие од минатата година излезе од црвените бројки и пријави профит.

Од банката соопштија дека за трите месеци до крајот на декември 2013-та, остварила нето-профит од 612 милиони евра, додека во четвртиот квартал од 2012-та забележале рекордна загуба од 3,91 милијарди евра.

Меѓутоа, аналитичарите очекуваа уште подобар разултат и тоа нето профит од 677 милиони евра.

Прометот на „Credit Agricole“ во споредба со набљудуваниот период е зголемен за 21,9 проценти на годишно ниво или на 4,05 милијарди евра. На адекватноста на капиталот „Tier 1“ на крајот на декември бил на ниво од 10 проценти, што е 74 базни поени повеќе отколку на крајот на декември 2012-та.

Банката истовремено објави дека минатата година исплатила дивиденда на акционерите, прв пат од 2011-та година и тоа во висина од 35 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП