2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Подобро некаков данок, отколку никаков“

„Подобро некаков данок, отколку никаков“

merkeloland--

Франција и Германија сакаат данокот на финансиските трансакции да биде договорен пред изборите за Европскиот парламент во мај, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Јас сум повеќе за несовршен данок, отколку воопшто да нема данок“, изјави Оланд на заедничката конференциjа за новинарите со германската канцеларка Ангела Меркел во Париз.

Официјалните лица на Европската унија, во моментов со 11 од 25 членки на Унијата работат на воведување на данок на финансиските трансакции, бидејќи предлогот кој се однесуваше на цела ЕУ доживеа колапс.

Франција уште минатата година започна да ги оданочува тргувањата со акции, а францускиот министер за финансии Пјер Московиси на 27. јануари соопшти дека поширокото оданочување би можело да ги одалечи инвеститорите од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП