29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто јадат витките жени?

Што јадат витките жени?

vitkizeni

Веројатно многу пати ве заинтересирала некоја нова диета, особено ако веќе подолго време се обидувате да се ослободите од вишокот килограми.

Во книгата „Пештерските жени не се дебелеат: Древни тајни за брзо слабеење“, американската нутриционистка Естер Блум препорачува начин на исхрана врз основа на намрници кои нашите предци можеле да ги ископаат, наберат или уловат, а тука се вклучени овошјето, зеленчукот и месото.

Таа тврди дека месото го зголемува нивото на допамин и серотонин во телото, хормони важни за чувството на среќа и задоволство. Серотонин е одговорен за чувството на смиреност, среќа и контрола на нагоните. Сето тоа води кон побрзо и полесно постигнување на целната, саканата, односно совршената фигура.

Убавите жени јадат месо, но не било какво, туку месо од животни кои се хранат со тревки. Тоа е богато со омега 3 масни киселини кои поволно влијаат на имунитетот и физичката кондиција, а исто така ја спречуваат артеросклерозата, инфарктот, ракот, болестите на бубрезите и дебелото црево. Нив ги има и во оревите, ф’стаците, и лешниците, морската риба, туната, харингата, сардините…

Овие киселини се достапни и во гравот, грашокот, леќата, спанаќот, ќељот, алгите. Меѓу најбогатите извори се ладно цедените масла, како маслиновото, лененото, маслото од репка, со кои можете да ги зачините салатите или месото, но не да ги користите за пржење.

Свежата риба, месото, овошјето и зеленчукот имаат помалу калории од преработената храна, истакнува д-р. Блум и додава дека на овој начин, всушност, можете да јадете повеќе. Бидејќи таа од многу нејзини пациенти слушнала дека и покрај тоа што се хранат здраво и вежбаат не ги намалуваат килограмите, таа заклучила дека тие всушност јадат „погрешна здрава храна“, а единственото решение е да се вратите на природните намирници, на сите продукти кои се свежи и не се преработени.

Според најновите истражувања, на нашето тело му е потребна помала количина на јаглехидрати, од просечниот дневен внес. Поради тоа таа предложува од исхраната да ги исфрлиме намирниците полни со глутен и фабрички произведената храна. Пченицата е главен извор на глутен во исхраната, но глутенот го има и во ‘ржта и јачменот. Тој не е достапен во интегралниот ориз и хељдата, затоа тие се одлична замена за пченицата.

Сепак, многумина не се ни свесни дека се осетливи на глутен, што може да доведе до оштетување на органите за варење, болки, надуеност, замор, нередовна столица и останати проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП