
Социјалната мрежа „Facebook“ постигна договор за преземање на компанијата „WhatsApp“ за околу 19 милијарди долари.


Социјалната мрежа „Facebook“ постигна договор за преземање на компанијата „WhatsApp“ за околу 19 милијарди долари.
Од оваа сума околу 4 милијарди ќе бидат исплатени во готово, а останатиот дел во акции во „Facebook“.
Договорот предвидува на основачите и вработените во компанијата специјализирана за праќање онлајн пораки да им бидат исплатени дополнителни три милијарди долари во акции по завршување на продажбата.
„WhatsApp“ е една од најпопуларните апликации за испраќање бесплатни пораки преку Интернет.
Таа прерасна во една од најпопуларните платформи за чет, размена на фотографии, музика и други содржини.
Достапна е речиси за сите оперативни системи и за разлика од останатите програми не прикажува реклами при користењето.