19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв суфицит во Грција од 1948

Прв суфицит во Грција од 1948

atina2

Рекордната потрошувачка на странските туристи во Грција, поттикната од ниските цени, и помогна на земјата лани да оствари суфицит на тековните плаќања, прв од 1948 година.

Дефицитот на тековните плаќања со децении ја кочеше економијата на Грција, а беше покриван преку задолжување и капитални инвестиции од странство, пренесува Ројтерс.

Во 2008 година дефицитот на тековните плаќања достигна 15 проценти од националниот БДП, по што должничката криза во 2009 година ја турна Грција во длабока економска депресија, која го намали БДП за речиси една четвртина.

Тоа и помогна на Атина да ја поправи нерамнотежата и изминатата година да забележи суфицит на тековните плаќања од 1,24 милијарди евра, или околу 0,7 проценти од БДП. Приходите од туризмот минатата година се зголемени за 15 проценти, на рекордни 12 милијарди евра, додека увозот забележа пад.

Економистите предвидуваат дека Грција оваа година повторно ќе оствари суфицит, но предупредуваат дека тоа не значи дека земјата излегла од рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП